
Претставување на креативни таленти пред компании и индустријата, преку SHOWROOM, PITCH STAGE и SCREENING ROOM, со можност за директно запознавање и поврзување.

Отворен простор со индивидуални студентски „штандови“, каде посетителите ги разгледуваат проектите и директно разговараат со нивните автори.
Разгледајте ги проектите. Запознајте ги авторите.

Континуирана програма од триминутни студентски презентации на портфолио, најсилни проекти и професионални интереси.
3 минути. Едно портфолио. Една можност за поврзување.

Во текот на целиот настан, во континуирана проекција ќе се прикажуваат студентски кратки видеа за социјални мрежи, брендирани содржини и авторски видео проекти.
Гледајте ги видеата. Откријте ги авторите.

Нема фиксна агенда за посетителите. Помеѓу 10:30 и 12:00 часот можете да пристигнете во кој било момент и сами да го креирате вашето искуство низ настанот.
Разгледајте портфолија, студентски проекти, презентации и видео содржини од пет различни креативни дисциплини.
Запознајте ги студентите зад работата што ви го привлекла вниманието и разговарајте директно за нивните интереси, знаења и амбиции.
Разменете контакти и портфолија и отворете можност за пракса, интервју, junior позиција, ангажман или идна соработка.
Во новите простории на Скала ќе има и посебна зона за дружење - простор за кафе, музика, неформални разговори со студентите, компаниите и тимот на Скала.
Дојдете да ги видите проектите. Останете на кафе и разговор.
Настанот е отворен во текот на целиот период. Можете да пристигнете во кој било момент помеѓу 10:30 и 12:00 часот.
Поради подобра организација, ве молиме потврдете го вашето присуство преку кратката електронска пријава.
Се гледаме на 17 септември во Скала!